Дали сте подготвени за уште една незаборавна авантура?

Годинава, ексклузивниот Клуб Глобтротер Ве поканува да ги истражите волшепствата на спектакуларната Јужна Африка, одблизу да го следите престижниот натпревар Волво оушн рејс и да го доживеете раскошот на Маврициус. Решете се за една од специјалните понуди на камиони од Клубот Глобтротер и билетот е Ваш.

 

Планот на нашето патување во кратки црти

Планот на нашето патување во кратки црти

1.-3. ден: престој во Кејптаун полн активности, обиколка на Планината тејбл, ‘Ртот Кејп поинт, посета на натпреварувачкото село на Волво Оушн Рејс и дегустација на вино во познатите лозја. 4.-6. ден: незаборавна обиколка на природниот резерват Ентабени, престој на сафари и набљудување на разноликиот животински свет во којшто спаѓаат и  „петте големи “ (Big Five) – лавот, африканскиот слон, биволот, леопардот и носорогот. 7.-8. ден:  раскошен престој на Маврициус, одмор на плажа и излети со брод.

Спектакуларната Јужна Африка

Спектакуларната Јужна Африка

Спектакуларната Јужна Африка е една од најфасцинантните и најпопуларните туристички дестинации. Пределите се неверојатни, така што на едно место можете да видите и непрегледни плажи и величествени планински врвови, и свежо зеленило на лозјата и савани изгорени од сонцето. Сега е вистинското време за да ја истражите оваа интригантна земја. Ќе имате можност да нурнете во шаренилото на Кејпаун, да посетите некои од најдобрите светски винарски визби, да доживеете блиска средба со „петте големи“ диви животни додека на нашата сафари обиколка ја разгледувате флората и фауната на природниот резерват Ентабени.  

Престижното натпреварување Volvo Ocean Race

Престижното натпреварување Volvo Ocean Race

Volvo Ocean Race е едно од најтешките наутички натпреварувања околу светот. Речиси девет месеци, пловејќи по опасни мориња, екипажите на големите едрилици поминуваат 72.000 km, а запираат десет пати на пет континенти. Придружете нѝ се на нашата обиколка на натпреварувачкото село на Волво Оушн Рејс во пристаништето на Кејптаун, каде што ќе ги запознаеме натпреварувачите и одблизу ќе ги разгледаме нивните величествени тркачки јахти.  Тоа ќе биде ден за паметење.

Фoтo: Brian Carlin/Team Vestas Wind/Volvo Ocean Race

Раскошот на Маврициус

Раскошот на Маврициус

Ако постои рај на земјата тоа мора да е Маврициус. Најдоброто го чуваме за крај, па така годинашното патување на Клубот Глоубтротер го завршуваме со искуство коешто сосема ќе ве разгали, на место коешто сосема сигурно не му припаѓа на овој свет. Впивајте ги сончевите зраци, шетајте се по навидум бескрајните плажи, запливајте во топлото море, уживајте во студените пијалаци или во што било коешто ќе Ви падне на ум. Сакаме да се чувствувате како да припаѓате на друштво на одбрани.

Вашите билети за патување

Со купување на еден или повеќе Волво камиони автоматски се квалификувате за членство во Клубот Глобтротер, како и за претстојното патување. Во продолжение се наоѓа годинашната специјална понуда на Клубот Глобтротер за купување на камиони. Разговарајте со претставникот на компанијата Volvo Trucks и закажете пробно возење. Потоа почнете да се пакувате.

Обратете му се на најблискиот продавач за да добиете дополнителни информации.

 

Имате прашања?

Имате прашања?

Вашиот локален Волво продавач ќе Ви помогне. Повикајте те го или посетете го.

Пронајдете го Вашиот локален Волво продавач