Секоја капка е важна, Совет за гориво

Секоја капка е важна

Еден процент овде, еден процент таму; се собира значителна заштеда. Ова е размислувањето што стои зад нашата филозофија.

Ние постојано истражуваме, бараjќи нови начини да направиме нашите камиони да одат подалеку со помалку гориво и со помало влијание врз животната средина и крајниот резултат.

Тоа е долгорочна заложба и ние ќе продолжиме да работиме на подобрувањето на ефикасноста во искористувањето на горивото кај сите наши производи и услуги.

Затоа што секоја капка е важна.

Совет за гориво

Намалете ја потрошувачката на гориво со Совет за гориво

Советот за гориво е услуга на давање инструкции којашто никогаш не се откажува. Откако возачот ќе стекне знаење за ефикасно искористување на горивото при возење, тогаш клуч за успехот е континуираното следење.

Советот за гориво ви помага токму во тоа. Со редовни извештаи и лични анализи лесно е да се осигури дека ефикасното искористување на горивото се постигнува со текот на времето.

Прочитајте повеќе за тоа како Советот за гориво може да ви помогне
Dynafleet

Останете на врвот на ефикасноста во искористување на горивото

Доколку користите Dynafleet заедно со обуката Развој на возачите, тогаш можете да заштедите до 5 проценти гориво. Dynafleet ви дава ажурирани информации за сè што ви треба да знаете за вашиот возен парк, а Обуката за возачи им помага на возачите да возат побезбедно, попаметно и да користат помалку гориво.

Dynafleet сега е достапен и преку апликација за вашиот iPhone, така што сега, во секое време, можете да пристапите до сите информации за возниот парк.

Дознајте повеќе за Dynafleet
I-Shift

I-Shift – штеди гориво со максимални перформанси

I-Shift ја намалува потрошувачката на гориво до 3 проценти, во споредба со рачниот менувач. Тој е најнапредното решение на пазарот.

I-Shift знае како да добие најдобри перформанси од вашиот камион бидејќи тој ги следи масата на возилото, стрмнината на патот, брзината и забрзувањето.

Дознајте како можете да штедите гориво со I-Shift
Пакет за проток на воздухот

Пробивајте низ ветерот со Пакетот за проток на воздухот

Пакетот за проток на воздухот може да ја подобри вашата економија на горивото дури за 10 проценти. Тој ја намалува турбуленцијата, го намалува отпорот на воздухот и го одбива ветерот од приколката.

Освен помалите трошоци за гориво се разбира дека и емисиите на CO2 се намалуваат за ист степен.

Дознајте како можете да штедите гориво со подобрена аеродинамика.
I-See

I-See - запомнува за да ви штеди гориво

Веднаш штом почнете да возите, I-See може да заштеди до 5 проценти гориво. Тој ги запомнува патиштата што сте ги минале, а ги знае дури и оние што не сте ги минале. I-See ги користи информациите за топографијата за да управува со брзината и менувањето на степените на пренос имајќи ја на ум економијата на горивото.

Дознајте сè за шесте чекори на I-See
Развој на возачите

Развој на возачите

„Станува збор за возење по ист пат, вршење на иста работа, за исто време – но многу поефикасно.“

Прочитајте за услугата Развој на возачите
Оригинално Volvo сервисирање

Оригинално Volvo сервисирање

Одржувањето голема ефикасност во искористувањето на горивото се сведува на добри возачи и поддршка од вешта екипа на сервисери – кои притоа не само што го познаваат камионот од почеток до крај, туку и обезбедуваат да извлечете максимум од него.

Дознајте повеќе за Оригинално Volvo сервисирање

Преземи

Брошура за Секоја капка е важна

EDC-брошура(PDF, 15.9 MB)