Камиони и услуги

Нашата цел е да создадеме камиони и услуги што имаат помало влијание врз животната средина. И, преку подобрување на ефикасното искористување на горивото до истражувањето на алтернативни горива, навистина постигнуваме напредок.

Енергетска ефикасност
Од 1970 година, потрошувачката на гориво се намали за 40%. Но, знаеме дека можеме и подобро. Затоа, посветени сме на подобрување на ефикасноста.

Менаџирање на горивото
Нашите камиони имаат ефикасно искористување на горивото. А нашите паметни системи за управување со горивото и обуката за возачите ви помагаат да го извлечете максимумот од нив.

Алтернативни горива
Ние бевме првиот производител на камиони којшто сеопфатно го тестираше горивото Bio-DME и којшто презентираше дизел-мотор што работи на метан.

Емисии од камионот
Нашиот Euro 6 мотор ги преполови емисиите на честички и ги намали азотните оксиди за речиси 80%.

Материјали и рециклирање
Околу една третина од материјалите во новиот камион на Volvo доаѓаат од рециклирани материјали. А до 90% можат да се рециклираат на крајот на животниот век на камионот.

Дознајте повеќе за нашите одржливи камиони и услуги

Нашето одржливо работење

Нашето работење

На пат сме да го направиме нашиот производен процес целосно одржлив. Нашите погони во Гент, Белгија и Туве, Шведска, беа првите климатски неутрални фабрики за возила во светот. Нашата бојаџилницата во Умеа, Шведска, ги има најниските емисии на растворувачи во индустријата. А, сè поголем број од нашите застапништва стануваат CO2 неутрални, исто така. Но, тоа не е сè. Оваа работа брзо и глобално се проширува за да опфати колку што може повеќе од нашите методи на производство, фабрики, транспорт и застапништва.

Дознајте повеќе за нашата одржлива работа
Најдете го вашиот локален дилер

Намалете го вашето влијание

Грижата за животната средина е многу важна за вашиот камион или возен парк. И локалниот дилер на Volvo Trucks е тука да помогне.

Најдете го вашиот локален дилер